Манчестер Јунајтед во последен обид во своите редови да го доведе одличниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. Клубот од „Олд Трафорд“ до Борусија ќе испрати понуда од 90 милиони фунти која е последна од нивна страна.
Германскиот клуб неколку пати потврди дека секоја понуда помала од 120 милиони евра нема да ја прифати, но Солскјер настојува во тимот да добие фудбалер со квалитетите на англискиот репрезентативец.
Покрај Санчо како можен таргет на „црвените-ѓаволи“ до крајот на преодниот рок се споменува и името на одбранбениот фудбалер на Ред Бул Лајпциг, Дајот Упамекано, а доколку не успеат да го доведат Џејдон Санчо, како замена за него се споменува Исмаила Сар од Вотфорд за кој е заинтересиран и Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА