Манчини: Ми почина пријател, ова е пекол на земјата…

Селекторот на Италија, Роберто Манчини вели дека загубил близок пријател како последица од зараза со коронавирус, нагласувајќи дека „глетката на колона воени возила како носат ковчези надвор од Бергамо е удар во лице за секој Италијанец“.

Во Италија починаа досега повеќе од 5.000 лица, а речиси 60.000 се заразени. Повеќе од 3.000 починати лица се од регионот Ломбардија.

„Загрижен сум за своите родители, иако моментално се добро. Сестрата ми се јави и ми кажа дека, како последица од зараза со коронавирусот, ни почина близок пријател. Игравме фудбал заедно, работеше за хуманитарната организација на северот од Италија“ – вели Манчини и дополнува:

„Таа глетка со конвојот на воените возила е болка за секој од нас. Никој не беше подготвен за еден ваков пекол на земјата. Помислата дека луѓе умираат затоа што нема доволно кревети за интензивна нега е апсурдна, потполно неприфатлива. Нашите доктори се херои, имам огромна доверба во нив. Поради тоа и не помислувам на напуштање на Италија“.

Се вчитува...