Манчини: Одложување на ЕП поради коронавирусот? Тоа е предност за Италија…

Селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини смета дека одложувањето на Европското првенство е предност за Италија.

„Разочарувачки е што нема да се игра Европското првенство, но во исто време мислам дека тоа би можела да биде наша мала предност затоа што сме млад тим, и една година плус искуство би ни била добредојдена“ – вели Манчини, дополнувајќи дека Италија е кандидат за трофеј.

„Мислам дека ќе бидеме меѓу селекциите кои се способни да го освојат првенството. Не сакам да им поставувам правила на играчите, не е во ред да се ограничуваат нивните способности“.

Манчини се надева дека пандемијата на коронавирусот ќе го научи човештвото на некои лекции…

„Ова не научи и на многу нешта на кои претходно не размислувавме. Може да бидеме најмоќни, најбогати, најзгодни, но кога ќе дојде невидливиот непријател како болеста, тоа едноставно ве руши и не одбира никого. Се надевам дека луѓето ќе станат попристојни и наскоро ќе се вратиме на уживањето. По ова секогаш ќе мора да ја памтиме работата на здравствените работници. Лесно е да се фалат само сега“ – вели Манчини.

Се вчитува...