Мандалиниќ потпиша за Фуксе Берлин

Левиот бек на ППД Загреб, Стипе Мандалиниќ (25), е новото заислување на Фуксе Берлин. Хртватскиот бек кој се споменуваше како едно од потенцијалните нови засилувања во Вардар, потпиша договор со германскиот клуб во кој се сели од 1 јануари 2018 година.

Многу сум среќен што потпишав договор со Берлина. Импресиониран сум од клубот и начинот на функционираат. Се е на високо професионално ниво. Клубот има многу голем потенцијал и е на пат да стане еденн од водечките клубови во Европа. Имав и други понуди, но го одбрав Берлин бидејќи Бундеслигата е најдобрата лига во светот и сакам да се докажам овде“ – изјави Мандалиниќ.

Мандалиниќ се сели во редовите на Фуксе Берлин на почетокот на следната година со договор до крајот на сезоната.

Се вчитува...