Италијанскиот првак Јувентус продолжува победнички да маршира во Серија А. Тимот на Масимилијано Алегри го совлада Наполи во Торино со 3-1 и стигна до седмата победа во исто толку натпревари. По ова „старата дама“ веќе има шест бода во однос на „наполитанците“ на врвот на табелата.
Наполи дојде во водство со голот на Дрис Мертенс во десеттата минута, но Марио Манџукиќ беше творец на пресвртот. Хрватот израмни во 26.минута, а во вториот дел донесе и предност за својот тим во 49.минута. Наполи остана со играч помалку по исклучувањето на Марио Руи, а Леонардо Бонучи во финишот го докрајчи противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА