Манџукиќ потпишува нов договор со Јувентус

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ ќе остане во Торино до 2021 година. Тој доби понуда за продолжување на соработката со италијанскиот првак за една дополнителна сезона, и тоа под многу подобри услови.

Според новиот договор, Манџукиќ ќе заработува 5 милиони евра по сезона. Досега неговата годишна плата изнесуваше 3,5 милиони евра.

Хрватот треба да стави потпис на договорот до крајот на овој месец.

Се вчитува...