Манџукиќ во декември се сели во Манчестер Јунајтед

Неколку месеци на големо се зборува за преминувањето на хрватскиот ас Марио Манџукиќ во Манчестер Јунајтед, бидејќи по доаѓањето на Маурицио Сари во Јувентус тој се наоаѓа во втор план.

Хрватот веќе во декември се очекува да пристигне во Манчестер и да почне да тренира со тимот, за во јануари кога ќе го потпише договорот веднаш да може да биде во конкуренција за настап. Во овој момент „црвените-ѓаволи“ имаат на располагање само два класични напаѓача, Маркус Рашфорд кој постигна шест гола и Ентони Марсијал кој три пати се запиша во листата на стрелците.

 

Се вчитува...