Мандиќ: Вардар е велесила со години, Загреб е аутсајдер во овој двомеч

Екипата на Загреб го заврши настапот во СЕХА со домашен пораз од Татран Прешов, па хрватскиот првак сега погледите целосно ги насочува кон двомечот од Лигата на шампионите против Вардар. Хрватскиот репрезентативец Давид Мандиќ со нетрпение ги очекува пресметките со македонскиот шампион, но улогата на фаворит свесни им ја препушта на „црвено-црните“.

Ние ја остваривме зацртаната цел со пласманот во осминафиналето, но тоа не значи дека прикасната мора да заврши. Нема никогаш да се предадеме, млади сме и амбициозни, се соочивме со бројни проблеми со повреди и сепак успеавме да се пласираме во втората рунда. Вардар е огромен предизвик за нас, тоа е тим што е велесила во последните години и јасно е дека ние сме големи аутсајдери. Сепак, нема предавање, верувам дека ако ја подобриме играта во одбрана можеме да му парираме на македонскиот клуб“ – изјави Мандиќ.

Првиот меч во Загреб се игра на 23 март со почеток во 20.30 часот. Реваншот е закажан за 30 март во Скопје.

Се вчитува...