Еден од најдобрите играчи на Сенегал во историјата, Садио Мане, откри дека во 2015 година бил блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед. Тој истакна дека Ван Гал го сакал во своите редови, но на крајот се одлучил да ја одбие понудата.
Мане вели дека му била ветувана минутажа ако оставел добар впечаток, иако во тимот тогаш биле Ди Марија, Депај, Руни…
„Ван Гал ми се јави и ми рече дека сака да ме види во Манчестер Јунајтед. Ми кажа дека сум добар фудбалер, и дека можам да помогнам, а тие ќе ми помогнат да станам уште подобар. Потоа му кажав дека во тимот се Депај, Руни, Ди Марија, Ван Перси, и сакав да знам каде да играм, затоа што сакав да играм. Ми рече дека ако тренирам добро и ако оставам добар впечаток, ќе играм, но и дека екипата има други добри играчи. Не без задоволен од тоа објаснување, но и не бев подготвен во тој момент. Бев млад, ми требаше помош, уште една или две години за да станам она што сакав да бидам. Уште бев во Саутемптон и ми требаше стабилност“, изјави Мане.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

