Мане: Пеп вели дека симулирам… Во ред, ќе продолжам да го правам тоа!

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане вели дека не планира да го менува стилот на игра и покрај тоа што од страна на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е обвинет за симулирање. Пеп минатиот викенд изјави дека Сенегалецот понекогаш симулира, понекогаш дава неверојатни голови.

„Ако симулирањето му донесе пенал на мојот тим, ќе го правам тоа до крајот на кариерата. Зошто да не?“, накратко изјави Мане. 

Ливерпул е лидер во Премиерлигата со освоен 31 бод додека Манчестер Сити заостанува шест бода. Токму двата тима викендов се среќаат во дербито на англискиот фудбал.

Се вчитува...