Маневски со два гола го реши Вардар, Работнички во 91. минута го победи Борец, Ренова го шокираше Шкупи (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 25. КОЛО….

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ (2-1)

Ѓурѓевиќ 84′, 90’+1 – Адили 83′

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (2-1)

Нафиу 63′, Ибраими 86′ – Ѓоргиев 77′

Струга: СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА (3-1)

Ристевски 18′, Цаке 27′, Каланоски 53′(аг) – Цаке 88′(аг)

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА (1-2)

Адеми 85′ – Јашароски 8′, Мишковски 68′

Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (2-0)

Маневски 17′, 87′(п)

ВЧЕРА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ 1-2

======================================================================================

  • Победа на Пелистер со 2-0, поранешниот вардарец Борче Маневски стрелец на двата гола за триумф на битолчани против Вардар!
  • Крај на дуелот во Струга каде Струга Трим Лум убедливо со 3-1 триумфираше против Беласица
  • Крај на натпреварите во Скопје. Работнички го победи Борец, а Ренова го шокираше Шкупи за триумф од 1-2!

РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ (2-1)

2-1 – 90’+1 – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По нафрлањето на Силјановски од левата страна од слободен удар, на вториот дирек Ѓурѓевиќ од едно метро ја сместува топката во мрежата на гостите 

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО. Победа на Шкендија против Силекс со 2-1!

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (2-0)

2-0 – 87′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Борче Маневски од пенал носи победа за Пелистер од 2-0 против Вардар!

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (2-1)

2-1 – 86′ – ГООООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими од непосредна близина повторно ја враќа предноста на Шкендија


РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ (1-1)

1-1 – 84′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ… ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Во само 60 секунди два гола на двете страни. Најпрво во 83. минута по грешката на домашниот голман, Адили од два метри донесе предност за Борец. Но, само што тргнаа од центар, на спротивната страна Ѓурѓевиќ израмнува!


ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (1-1)

1-1 – 77′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Одлично проигрување за Пепи Ѓорѓиев, кој мајсторски ја прима топката на раб на офсајд-позиција и постигнува гол за израмнување. Сомнителна офсајд-позиција по која кратовци израмнуваат


ШКУПИ – РЕНОВА (0-2)

0-2 – 68′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Ненад Мишковски стрела за „гипсарите“ за водство и од 0-2!

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 63′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлична асистенција на Дита, кој на 12 метри го пронаоѓа Нафиу кој мајсторски од свртување стрела за 1-0


СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА (3-0)

3-0 – 53′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. По корнерот од левата страна, Каланоски во мешаницата си постигнува автогол за 3-0 за домашните


  • Почеток на второто полувреме на дуелите од 25. коло…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ПЕТТЕ ДЕНЕШНИ НАТПРЕВАРИ ОД 25. КОЛО ВО ПМФЛ

 

СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА (2-0)

2-0 – 27′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Таири изведе слободен удар, а Клисман Цаке со пета ја зафати топката на 12 метри која отседнува под гредата од голот на гостите. „Луд“ гол на Цаке за водство од 2-0


ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 0-0

1-0 – 17′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Одлична акција на Илиевски по десната страна нафрла пред голот на Вардар, каде Борче Маневски од пеналтикот ефектно со глава носи предност за битолчани!


СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 – 18′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Стружани по почетните атаци доаѓаат до водство со голот на Александар Ристевски кој одлично реагираше на одбиената топка


РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ (0-0)

15′ – Мирни почетни минути на „Тодор Проески“, без шанси на двете страни

ШКУПИ – РЕНОВА (0-1)

0-1 – 8′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. „Гипсарите“ го изненадуваат Шкупи на стартот, поведувајќи со голот на Јашароски

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 0-0

  • Натпреварот во Битола почна со едноминутен молк во знак на почит на починатиот почесен претседател на ФК Вардар, Трајко Стаматовски

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 25. КОЛО ВО ПМФЛ…

Вардар во нови дресови со амблемот на Комити на мечот со Пелистер
  • Познати состави за пресметката меѓу Пелистер и Вардар во Битола

======================================================================================

Во 25. коло од ПМФЛ, вечното македонско дерби, иако не со оној минат шмек, меѓу Пелистер и Вардар се игра во Битола.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...