Мантас Калниетис се пензионираше од професионалната кошарка

Легендарниот Мантас Калниетис познат по настапите за Жалгирис и литванската кошаркарска репрезентација официјално се пензионираше од професионалната кошарка. 36-годишниот бек последниот натпревар го одигра во литванското првенство на 29. јануари во својата „Жалгиро Арена“.

Калниетис беше дел и репрезентацијата која се сретна со Македонија во Каунас на Евробаскетот 2011, а постигна девет поени, девет скока и четири асистенции во поразот од нашата најдобра репрезентација која откако го шокираше домаќинот стигна до четвртото место за турнирот.

Професионалната кариера ја започна во школата на Жалгирис во 2003 година, а покрај за најдобриот литвански клуб настапуваше и за Локомотив Кубањ, Олимпија Милано и АСВЕЛ.

Се вчитува...