Ману Џинобили е дел од „Куќата на славните“ (ВИДЕО)

Легендарниот аргентински кошаркар Ману Џинобили е нов член на „Куќата на славните“. Поранешниот ас на Сан Антонио беше дел од тимот цели шестнаесет години, период во кој стигна до четири шампионски титули, а на престижното место влегува и со титула во Евролигата освоена со Виртус Болоња во 2001 година.

Џинобили беше Олимписки шампион со Аргентина во 2004 година, a во своите витрини има и бронзен медал од Игрите во 2008 година. На Светското првенство во 2002 година стигна до сребрениот медал.

„Не сум тука бидејќи сум посебен. Тука сум бидејќи бев дел од најголемите тимови на 2000-те години. Сан Антонио и Аргентина“, изјави Аргентинецот на својот говор во Спрингфилд.

Се вчитува...