Ману Џинобили влегува во „Куќата на славните“

Легендарниот аргентински кошаркар, Ману Џинобили ќе биде примен во „Куќата на славните“ во Спрингфилд, пренесуваат американските медиуми.

Аргентинецот во богатата кариера четири пати беше НБА шампион со Сан Антонио Спурс, два пати беше дел од „Ол-стар“ викендот, а ја освои и Евролигата со екипата на Киндер, како и олимпиското злато на игрите во Атина 2004.

Покрај аргентинскиот ас во „Куќата на славните“ ќе бидат примени и Тим Хардвеј и Свин Кеш, како и тренерите Џорџ Карл и Боб Хегинс.

 

Се вчитува...