Марадона го советува Меси: Не се враќај веќе во дресот на Аргентина!

Легендарниот аргентински ас Диего Марадона му даде чуден совет на Лионел Меси, да не игра веќе за националната селекција на „гаучосите“. Тој смета дека Меси има огромен притисок од јавноста која не сфаќа дека без него репрезентацијата на Аргентина ќе биде многу послаба.

„Што би му кажал на Меси? Да не се враќа во репрезентацијата, да се откаже од националниот дрес. Него го обвинуваат за се, тој е виновен дека загубиле фудбалерите до 15 години, дека Расинг ги нарушил односите со Бока. Јас би му кажал „Не се враќај веќе, човеку“. Да видиме дали можат да се справат без него, дали навистина се толку големи мажи. Тој не треба да биде критикуван зошто не станавме светски шампиони“, изјави Диего Марадона.

Се вчитува...