Марадона бесен: Најдете го тој што излажа дека сум умрел, плаќам 10.000 долари!

Диего Марадона плаќа 10.000 долари за да се пронајде лажгото кој во јавноста ја пренесе веста за смртта на славниот Аргентинец.

Марадона наводно бил предозиран за време на мечот меѓу Аргентина и Нигерија, па на интернет беше пуштена аудио снимка во која се наведува дека Диего починал.

„Дадовме инструкции за награда од 10.000 долари за секој кој ќе даде точни информации за авторот на таа снимка“ – изјави адвокатот на Марадона, дополнувајќи дека и сестрите на аргентинската легенда ја слушнале информации за смртта на братот што ги шокирало.

„Сестрите на Марадона го слушнаа тоа, а во тие моменти не можеа да не контактираат мене или Диего. На една дури и се влошила и здравствената состојба“ – изјави адвокатот.

Се вчитува...