Марадона се нуди гратис да ја предводи Аргентина

Легендарниот аргентински ас Диего Марадона сака да се врати на селекторската позиција на репрезентацијата. По дебаклот на „гаучосите“ на Мундијалот во Русија, селекторот Хорхе Сампаоли доби отказ, а Марадона беше еден од оние што најмногу го критикуваа сега веќе поранешниот селектор.

Како што информираат аргентинските медиуми, Марадона е подготвен да работи и волонтерски како селектор на својата репрезентација, без паричен надомест.

„Елиминирани сме од репрезентација која и не е меѓу најдобрите на Мундијалот. Тоа ми прави да се чувствувам многу лошо“, изјави Марадона по елиминацијата на Аргентина од Франција (3-4) во осминафиналната фаза од Светското првенство.

Се вчитува...