Марадона за божјата рака: На сите им викав – радувајте се, прегрнете ме и молчете!

Диего Марадона, низ блескавата своја кариера, без сомнение ќе остане запаметен и по еден од најславните свои погодоци. Во четвртфиналето на СП 1986 во Мексико, Аргентина благодарение на гол на Марадона ја победи Англија.

Беше тоа еден од најконтроверзните погодоци во историјата, со рака успевајќи да го изненади голманот на Англија, Питер Шилтон, но и судијата од Тунис, Бин Насер.

„Скокнав но недоволно високо, па во секунда помислив топката малку да ја допрам со рака. Во воздух видов дека нема шанса да ја стигнам со глава, па потоа некако сама по себе дојде раката. По ударот не знаев каде е топката, погледнав и видов дека е во мрежата па почнав да се радувам. Најпрво ми пријде соиграчот Чечо и онака збунет ми рече: ‘Па ти постигна гол со рака…’. Му реков да молчи и да ме прегрне. Дојде и Валдано со истото прашање и доби ист одговор. На сите им викав – радувајте се и молчете, ќе зборуваме подоцна“ – се потсетува Марадона кој четири минути подоцна со феноменален продор ќе го постигне и еден од најубавите голови на сите времиња.

Се вчитува...