Маратонската легенда има 36 години, но успеа да го одбрани златото од Рио

Маратонската легенда Елиуд Кипчоге стигна до ново олимписко злато триумфирајќи на денешната трка на ОИ, бранејќи го тронот на кој се искачи пред пет години во Рио де Жанеиро.

Маратонската трка се трчаше низ улиците на Сапоро, град на северот на Јапонија, со што на атлетичарите им беа овозможени подобри услови. Кипчоге го искористи тоа и ја заврши трката за два часа, осум минути и 38 секунди. Втор низ цела стигна Сомалиецот со холандски пасош, Абди Нагеје со огромно заостанување од една минута и 20 секунди зад победникот, додека третото мсто му припадна на Башир Абди, кој исто така е роден во Сомалија, но настапува за репрезентацијата на Белгија.

Покрај двете маратонски злата, Кипчоге има и два медали од трките на 5.000 метри, бронза од Атина во 2004 и сребро од Пекинг во 2008 година.

Се вчитува...