Мареј го пропушта Светското првенство?

Соиграчот на Никола Јокиќ во Денвер, Џамал Мареј може да го пропушти настапот на Светското првенство кое ќе се одржи од 25. август до 10. септември во Филипини, Индонезија и Јапонија. Причината за тоа е страв од враќање на повредата по долгата сезона во НБА лигата во која тимот од Колорадо стигна до шампионскиот трофеј.

Оваа информација ја потврди селекторот на Канада, Рован Барет кој изјави дека допрва ќе биде донесена конечната одлука.

„Доаѓа од многу долга сезона, излезе од повреда па мислам дека мора да бидеме многу паметни кога станува збор за неговиот настап. Многу е уморен, мораме да се гриживме за неговата состојба. Ќе донесеме конечна одлука заедно со здравствениот тим. За сега изгледа добро, тренира еден час пред почетокот на тренингот и останува еден час подолго, но мора да се грижиме за неговото здравје“, вели Барет.

Канада во групната фаза од Светското првенство силите ќе си ги одмери со Летонија, Либан и Франција.

Се вчитува...