Челси го загуби второто место на премиерлигашката табела откако „сините“ беа поразени со 3-1 на гостувањето против Лидс, меч по кој Енцо Мареска не го криеше разочарувањето од изданието на својот тим.
Според италијанскиот стратег, ова беше најслабиот меч на Челси сезонава од кој ќе мора да се извлечат поуки што поскоро, ако се знае дека лондонскиот клуб веќе в сабота го очекува ново незгодно гостување против тимот на Борнмут.
„Не постои никаков изговор, Лидс беше подобар од нас во секој аспект од фудбалската игра и заслужено славеше. Од речиси секој меч може да се извлече барем нешто позитивно, но тоа не е случај со овој дуел, во кој не направивме ништо добро. Дадовме гол и се вративме, но потоа го примивме и третиот погодок и тоа беше крај на приказната. По мечевите против Барселона и Арсенал како да бевме премногу опуштени, ни беше дадено до знаење дека во Премиер-лигата не можете да добиете ниту еден меч ако не играте на 100% од своите можности. Ова е голема лекција за нас, мораме да ги отстраниме грешките бидејќи в сабота пред нас е нов меч“, прокоментира Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

