Маргвелашвили: Уште еднаш да покажеме дека Шкупи е непобедлив на Чаир

Шкупи во 9. коло од Првата македонската фудбалска лига в недела (2. октомври) во Чаир го пречекува Силекс во дербито на викенд-рундата.

Дефанзивецот на чаирчани, Грузиецот Гаги Маргвелашвили вели дека секогаш е тешко во првиот натпревар после пауза, но тимот е подготвен за надигрување со Силекс.

„Секогаш е навистина тешко да се игра после пауза поради репрезентативни натпревари. Секако ние знаеме дека не чека тежок противник, но максимално се подготвивме уште еднаш да ги израдуваме навивачите. Играме на домашен терен и уште еднаш сакаме да покажеме дека сме непобедливи на Чаир“ – вели Маргвелашвили.

Натпреварот Скопје – Силекс се игра в недела на 2. октомври со почеток од 15 часот.

Се вчитува...