Марин нема дилеми: Црвена звезда пак ќе игра во ЛШ

Црвена Звезда има одлични 2-2 по првиот меч со Јанг Бојс, па јасно е дека „црвено-белите“ имаат големи шанси пред полни трибини на реваншот во Белград да стигнат до позитивен резултат и втора година по ред да се пласираат во групната фаза од Лигата на шампионите. „Мозокот“ на екипата на Црвена Звезда, Германецот Марко Марин, е оптимист дека Јанг Бојс ќе падне на реваншот на „Маракана“.

„Не знам ни дали да бидам среќен после овие 2-2, ако се знае дека имавме водство во голем дел од второто полувреме. Реваншот е пред нашите верни навивачи, тоа е голем плус што мораме да го искористиме. Не се залажуваме, Јанг Бојс е одличен тим со физички беспрекорно подготвени фудбалери. Сепак, не е исто кога се игра во Берн или на нашата „Маракана“. Затоа сум и голем оптимист дека Црвена Звезда пак ќе игра во Лигата на шампионите“ – порача Марин.

Реваншот од квалификациите за ЛШ меѓу Црвена Звезда и Јанг Бојс ќе се игра на 27 август (вторник) во Белград.

Се вчитува...