Италијанските медиуми пишуваат дека Марио Балотели постигнал договор со Ал Итифак и дека наскоро ќе го носи нивниот дрес. Тој ќе се заколне на верност кон клубот од Саудиска Арабија до крајот на сезоната 2028, информираше новинарот Никола Шира.
Балотели имаше исклучително бурна кариера во која најголема трага остави кога играше за Манчестер сити, во периодот од 2010 до 2013 година.
Неговиот последен ангажман беше во Џенова минатата година, а пред тоа играше за Адана Спор и Сион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

