Марјан Младеновиќ – „икс факторот“ на Еуро Никел во „Кале“ (ВИДЕО)

Еуро Никел стигна до четвртата победа во Првата кошаркарска лига откако во 6. коло славеше на гостувањето кај Феникс 2010. Кавадарчани до победа кај незгодниот противник стигнаа со тројката на Дарко Соколов на 20. секунди пред крајот, но Марјан Младеновиќ беше „икс-факторот“ за „сино-белите“ на мечот во СРЦ „Кале“.

Искусниот бек одмараше само 48 секунди на мечот во кој оствари „ол-ароунд“ учинок од 27 поени, 7 асистенции и 7 скока. Притоа велешанецот реализираше со 70 отстотна успешност зад линијата 6,75, погодувајќи во седум од десет обиди.

 

Се вчитува...