Марјан Радески – големо засилување за нападот на Струга ТЛ (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Марјан Радески е најновото засилување за есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, Струга ТЛ.

Радески, кој есенскиот дел од сезоната настапуваше за ерменски Пјуник, сега ќе биде големо засилување за стружани во битката за шампионската титула.

Радески претходно во својата кариера има настапи за Шкупи, Академија Пандев, Шкендија, Металург и 11 Октомври, а има и 17 настапи за македонската репрезентација.

За Струга ТЛ во зимскиот преоден рок потпишаа и Меџит Незири и Бесарт Кривањева. Тимот на Срѓан Захариевски од 24. јануари до 5. февруари главните подготовки за пролетната полусезона ќе ги реализира во Анталија, Турција.

Се вчитува...