Марк Даигнолт седнува на клупата на Оклахома

Марк Даигнолт, кој претходната сезона беше дел од стручниот штаб на Били Донован сега и официјално е нов тренер на Оклахома, со што се пополни и последното тренерско место во НБА во пресрет на новата сезона. 35-годишниот Американец тренерската кариера ја започна во 2010. година на Универзитетот Флорида, додека од 2014. до 2019. година беше главен тренер на развојниот тим на Тандер, Оклахома Сити Блу.

Оваа претсезона промени имаше во вкупно девет клубови. На местото на Док Риверс на клупата на Клиперс седна Тајрон Лу, додека пак Риверс во следната сезона ќе ја предводи Филаделфија. Стеф Силас ќе го предводи Хјустон, Били Донован го превзеде кормилото на Чикаго, Стив Неш ќе се обиде да стигне до титула со Бруклин, нов тренер на Индијана е Нејт Бјоркгрен, Стен Ван Ганди ќе ги води Пеликанс, додека Том Тибодо ги превзема Никс.

Се вчитува...