Марк Гасол е „фаца“: Го купи клубот каде што почна, играше повреден и го внесе во Првата лига

Пау Гасол на крајот од минатата сезона објави крај на кариерата, а неговиот помлад брат Марк се реши по заминувањето од НБА да повлече неочекуван потег, станувајќи газда на клубот Џирона. Една година подоцна, Гасол прослави фантастичен успех откако експресно ја внесе Џирона во елитното друштво на шпанската кошарка.

Станува збор за клуб каде Марк ги направи првите посериозни чекори во кариерата, по што замина во НБА, каде мина 13 сезони. Во овој период Џирона исчезна од кошаркарската мапа на Шпанија, но 37-годишниот Гасол успеа да ја врати во голем стил. Тој го презеде раководењето со клубот, но не се пензионираше бидејќи сакаше да помогне во борбата за влез во елитата.

На крајот успеа во тоа, играјќи повреден на клучниот меч за влез во елитата. Џирона го победи Естудијантес со 66-60, а Марк Гасол и покрај болката во коленото успеа да постигне 11 поени со само едно промашување, надополнети со осум скока, четири украдени топки и две блокади.

Се вчитува...