Марк Гасол потпиша за ЛА Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс донесе уште едно големо засилување во своите редови осигурувајќи го потписот на Марк Гасол. Шпанскиот центар беше слободен играч по истекот на договорот со Торонто, сериозен интерес за неговите услуги покажаа Далас и Голден Стејт, но „езерџиите“ ја добија оваа битка нудејќи му на 35-годишниот Гасол договор на две сезони. Со овој трансфер искусниот центар ги следи стапките на својот брат Пау, кој како член на ЛА Лејкерс стигна до два шампионски прстени.

Шпанецот беше избран за најдобар дефанзивец во НБА во 2013 година, а имаше и значаен придонес во ланската шампионска титула на Торонто. Сепак, ланската сезона не беше на посакуваното ниво за Гасол, кој имаше слаб просек од 7,5 поени и 6,3 скокови по натпревар, поради што „рептилите“ решија воопшто да не му понудат нов договор.

Марк Гасол е четвртото засилување на новиот НБА-шампион откако „езерџиите“ ги потпишаа Денис Шродер, Монтрецл Харел и Весли Метјус. Во однос на шампионскиот тим, од редовите на ЛА Лејкерс досега си заминаа Дени Грин, Ејвери Бредли, Рејџон Рондо и МекГи.

Се вчитува...