Марк Хил постигна 45 поени за Кожув во дербито на дното против Струмица (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Кожув славеа на гостувањето против Струмица со 85-92 (22-28,28-19,19-22,16-23) во дербито на дното од 6. коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Во пресметката на единствените две екипи во лигата кои во претходните пет кола немаа победа, на крајот поуспешни беа гевгеличани кои успеаја до триумфот да стигнат благодарение на подобрата игра во последната четвртина.

А, се до последниот период од играта беше израмнет натпревар. На осум минути пред крајот беше 75-75 за да следи подобра игра под кошевите на гостите кои стигнаа до 79-84 на три минути пред крајот на дуелот, предност која ја одржуваа до крајот за конечни 85-92.

Strumica - Kozuv 9

Феноменална партија за Кожув одигра Марк Хил кој мечот го заврши со 45 поени, дополнети и со 7 скока. 20 поени запиша Мишковиќ, а мечот со 10 поени го заврши Пековиќ. Во поразениот тим најдобар беше Тајнс со 22 поени, а Делипетров постигна 19 поени.

[new_royalslider id=”847″]

Се вчитува...