Словенското „чудо од дете“, Лука Дончиќ веќе две сезони го носи дресот на Далас и ја освојува јавноста во НБА лигата. Легендите во најсилното кошаркарско натпреварување имаат само пофални зборови за 21-годишниот бек, а истото го мисли и сопственикот на Маверикс.
„Ја чита играта и точно знае кога треба да додаде. Клучен играч за одлучувачки моменти. Тој превзема одговорност против било кого и било кога. Одличен тимски играч и интерсно дете. Меџик Џонсон знаеше со насмевка да го „вжешти“ работите, а таков е и Лука за Далас. Ја има харизмата на Меџик“ – изјави Марк Кјубан.
Претходната сезона тимод од Тексас стигна до првата рунда од плејофот на „балонот“ во Орландо каде во шест натпревари „сините“ беа поразени од Клиперс, а оваа сезона Далас најавува битка за титула. Доколку Дончиќ „продолжи“ по стапките на Меџик Џонсон му претстои блескава кариера во НБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА