Авантурата на Хулен Лопетеги траеше само нешто повеќе од четири месеци на клупата на Реал Мадрид. По очајните игри и четирите порази во пет натпревари, Флорентино Перез се одлучи да му се заблагодари на соработката.
Чашата сигурно беше прелиена со убедливиот пораз од Барселона. Лопетеги уште веднаш по мечот знаел дека му се подготвува отказ, па како што пренесоа шпанските медиуми веќе во соблекувалната се збогувал со фудбалерите.
„Марка“, пак, по синоќешниот отказ за Лопетеги тврди дека имало и добар број фудбалери од Реал кои до последно се бореле и преку состаноци со раководството на клубот да се почека со отказот за досегашниот тренер. Водач на таа група е Серхио Рамос кој имаше одличен однос со Лопетеги, а го поддржале уште неколку фудбалери како Марсело, Иско, Кашемиро и Крос.
Рамос дури и во јавноста се појави со изјава, која значеше еден вид порака против доаѓање на нов тренер…
„Почитта е нешто што се добива и заслужува, не нешто што го наметнуваш или го бараш. Ние сме група на играчи што имаат освоено се што можело да се освои во изминатите години, тој што ќе дојде треба да знае дека ќе треба повеќе внимание да издвои на менаџирање со играчите, отколку со тактички подготовки“ – истакна Рамос, давајќи свое мислење и околу најавите за ангажман на Антонио Конте.
Но, на крајот, сите „застапници“ Лопетеги да остане не успеаја да го спасат од отказ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА