„Марка“ ги пронајде виновниците за шпанскиот дебакл: Флорентино, Лопетеги, Рубијалес…

Шпанија дојде со големи амбиции на Светското првенство, а си замина дома по осминафиналето. Ова можеби и можеше да се навести на само три дена пред стартот на Мундијалот, кога „црвената фурија“ остана без својот селектор. Хулен Лопетеги се договори со Реал Мадрид, го одби новиот договор со Фудбалската федерација на Шпанија, а потоа под итно следуваше отказ и назначување на Фернандо Јеро за нов наследник.

Фудбалерите можеби разочараа на теренот, но влијателниот шпански весник „Марка“ ги потенцираше главните виновници за дебаклот. Тоа, според овој медиум, се Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, поранешниот селектор Хулеп Лопетеги, и првиот човек на шпанскиот фудбал, Луис Рубијалес.

Перез замеша прсти кај селекторот Лопетеги, тој во најнезгоден момент го напушти кормилото откако беше откриено дека се договорил со „кралскиот клуб“, а Луис Рубијалес одлучи да го избрка и на негово место го назначи Фернандо Јеро. На крајот, овие турбуленции предизвикаа преголем хаос во таборот на „црвената фурија“, па ниту искусните фудбалери како Андрес Иниеста, Сергио Рамос, Жерар Пике, Давид Силва, Диего Коста…не го издржаа притисокот.

Се вчитува...