„Марка“ му одговори на Бејл: Без респект. Погрешно. Неблагодарно. По тој редослед.

Велшкиот интернационалец Герет Бејл го навлече гневот на шпанската спортска јавност и посебно на фановите и на раководството на Реал Мадрид со начинот на прослава на пласманот на националниот тим на ЕВРО 2020. Тој истакна банер „Велс. Голф. Мадрид. По тој редослед“ и со соиграчите славеше на теренот во Кардиф, покажувајќи дека репрезентацијата му е во прв план, а потоа доаѓаат голфот, неговото омилено хоби, па дури потоа Реал Мадрид, неговиот клуб каде настапува како професионален фудбалер.

Зинедин Зидан не одговори јавно, иако и претходно не беше во добри односи со Велшанецот, а Реал Мадрид остави да одговори „Марка“ преку насловната страница.

„Без респект. Погрешно. Неблагодарно. По тој редослед“, беше одговорот на уредништвото на шпанскиот весник „Марка“ кој важи близок до „кралскиот клуб“.

Се вчитува...