„Марка“: Цената на Барди е 30 милиони евра – сега е момент Леванте да заработи од својата ѕвезда

Угледниот шпански спортски весник „Марка“ тврди дека сега е моментот Леванте добро да наплати за својата ѕвезда Енис Барди. Македонскиот репрезентативец за само три години по пристигнувањето во Валенсија веднаш се запиша во историјата на Леванте како најдобар странски голгетер на сите времиња во клубот.

Сето тоа, наведува „Марка“, ја подигна вредноста на Барди која сега реално на пазарот изнесува 30 милиони евра. А летото 2017 година Леванте го донесе за само 1,5 милиони евра од унгарски Ујпешт.

„Енис Барди експлодира во овие три години а неговата вредност достигна небески височини. Неговиот договор е до 2022, но сега е моментот да се одлучи дали е можда најдобро да биде продаден и Леванте добро да заработи. Сигурно неговата вредност достигнува и до 30 милиони евра“ – пишува „Марка“.

Најзагреан за Барди е Арсенал но сериозен интерес има и од Фиорентина, Севилја, како и два германски бундеслигаши.

Се вчитува...