Маркињос останува во ПСЖ до 2022 година

Бразилскиот дефанзивец Маркињос ќе остане во редовите на Пари Сен Жермен до 2022 година. Иако имаше најави дека за него се заинтересирани Барселона и Манчестер сити, тој сепак успеа да се договори со раководството на „светците“ за нова соработка и ќе остане на „Паркот на принцовите“ во Париз и во наредните пет години.

„Отсекогаш ПСЖ за мене беше прва опција кога размислував за понатамошната кариера и среќен сум што ќе останам во овој клуб и во наредните неколку години. Ова покажува колку сум посветен на ПСЖ и мојата желба да освојувам трофеи со клубот“, изјави Маркињос.

Дефанзивецот досега одигра 161 натпревари за францускиот клуб и постигна 13 гола.

Се вчитува...