Маркисио го засили Зенит

Поранешниот играч за врска на Јувентус, Клаудио Маркисио, започнува руска авантура. Тој како слободен играч потпиша договор со рускиот клуб Зенит од Санкт Петербург.

Маркисио цели 25 години беше дел од „старата дама“, а ова лето не го продолжи договорот. Тој во дресот на Јувентус одигра 389 натпревари, но минатата сезона настапи само 15 пати и имаше проблеми со повредите.

По доаѓањето на Емре Чан, стана јасно дека нема да има многу простор за Клаудио Маркисио во Јувентус, па тој се реши да стави крај на долгогодишната верност кон актуелниот италијански првак.

Се вчитува...