Марко Ѓорѓиевски на едногодишна позајмица во Шкупи (ФОТО)

Во желбата за што поквалитетен состав за настапите во УЕФА Конференциската лига, Шкупи го договори и младинскиот репрезентативен напаѓач Марко Ѓорѓиевски.

21-годишниот Ѓорѓиевски во редовите на Шкупи доаѓа на едногодишна позајмица од српскиот Раднички Пирот каде минатава сезона запиша 26 настапи со седум постигнати голови.

„Дојдов во Шкупи затоа што навистина е голем клуб. За овие пет дена колку што сум тука, навистина можам да кажам дека сум прифатен многу добро и мислам дека наскоро ќе напредувам и ќе го дадам најдоброто што можам за да ја оправдам дадената доверба со голови и асистенции. Се надевам дека ќе имаме голем успех во Европа и шампионатот следната сезона низ кој ќе атакуваме на двојната круна“ – истакна Ѓорѓиевски по промоцијата во новиот дрес.

Претходно во својата кариера Марко Ѓорѓиевски има настапи за Вардар и Борец, пред да се пресели во српската Суперлига, во редовите на Вождовац, а потоа и во Раднички Пирот.

Се вчитува...