Марко Пјаца на нова операција на коленото

Хрватскиот репрезентативец од редовите на Јувентус, Марко Пјаца, повторно беше опериран на коленото на десната нога, но се очекува тоа да не влијае врз должината на неговата пауза од терените.

Пјаца првпат беше опериран по повредата заработена при настап за хрватската репрезентација, а бидејќи стануваше збор за проблем со лигаментите на коленото предвидената пауза изнесуваше меѓу шест и осум месеци. Тој ја минувал предвидената рехабилитациска програма, но во последните десетина дена се жалел на нови болки.

Лекарите утврдиле дека не станува збор за ништо сериозно, но сепак донеле одлука за рутински хируршки зафат, за чистење на повреденото колено. Според информациите од Италија, најновата операција не би требало да се одрази врз терминот за камбек, за кој се предвидува да се случи во текот на следниот месец.

Пјаца го очекува тешка борба за место во првиот тим на Јувентус, со оглед на фактот дека тој и лани немаше преголема минутажа, а во однос на тој тим сега „старата дама“ во своите редови ги има и Даглас Коста и Бернардески.

Се вчитува...