Марко Силва доби отказ, Мојес по шест години се враќа на клупата на Евертон

Евертон синоќа доживеа убедлив пораз од 5-2 синоќа во локалната дерби пресметка против Ливерпул во 15. коло од Премиерлигата, а веќе вечерва Марко Силва доби отказ од менаџерската функција.

Од Евертон и официјално објавија за заминувањето на Силва кој кормилото го презеде на крајот на мај минатата година. Клубот изминатово лето потроши огромни средства на засилувања, но никако да заигра како се очекува. Екипата привремено ќе ја води Данкан Фергусон, но веќе се најавува и наследникот на Силва.

Според последните информации, на клупата на Евертон треба да се врати Дејвид Мојес кој пред шест години со успех го водеше овој тим. Мојес во јуни 2013 година го напушти Евертон преземајќи го Манчестер јунајтед, но неговата кариера потоа имаше само надолна линија.

Мојес го водеше Евертон од 2002 до 2013 година. 56-годишниот фудбалски стратег е без работа од летото 2018 година кога доби отказ од Вест Хем.

Се вчитува...