Марко Симоновски двоен стрелец за Сепси во Романија

Македонскиот фудбалски интернационалец Марко Симоновски имаше одличен настап за тимот на Сепси во романскиот шампионат. Во триумфот од 0-3 против Калараси, Симоновски беше двоен стрелец, а асистираше за првиот гол на својот тим.

По овој триумф, Сепси се наоѓа на петтата позиција на табелата со 30 освоени бода и покажува амбиции за излез на европска сцена.

Се вчитува...