Марко Вујин потпиша една година со Вардар!

Србинот Марко Вујин е најновото засилување за екипата на Вардар. „Црвено-црните“, како што беше и претходно најавено, постигнаа договор за соработка со леворакиот бомбардер кој доаѓа од редовите на португалскиот вицешампион Спортинг Лисабон. Вујин и Вардар се согласија на едногодишна соработка.

35-годишниот Вујин сезонава настапи на само седум меча за Спортинг во Лигата на шампионите постигнувајќи и 22 гола.

Како што е познато, претходно Вардар се засили и со Кантегрел, Јагуриновски, Гаџа, Векиќ, Талески и Георгиевски, а според најавите се очекува уште ангажман на среден бек како би се заокружил ростерот за следната натпреварувачка сезона во Лигата на шампионите.

Се вчитува...