Маркос Рохо го напушти Манчестер Јунајтед

Искусниот аргентински дефанзивец, Маркос Рохо го напушти Манчестер Јунајтед и потпиша за Бока Јуниорс. Рохо вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Естудинатес каде забележа само еден настап.

Рохо на „Олд Трафорд“ стигна во 2014 година по одличните настапи на Светското првенство во Бразил, каде „гаучосите“ во финалето беа поразени од Германија со 1-0. 30-годишникот за Јунајтед запиша 76 настапи на кои постигна еден гол.

 

Се вчитува...