Игор Марковиќ имаше победничко деби на клупата на Македонија откако црногорскиот стратег ја предводеше нашата селекција до триумф над Србија, во првото коло од „Трофеј Македонија“ што се одржува во Охрид.
По мечот, тој не го криеше задоволството од конечниот исход, заблагодарувајќи се за добиената поддршка.
Голема благодарност до селекцијата на Србија за фер и борбената игра, уште поголема благодарност до сите оние навивачи кои дојдоа денеска да ни дадат поддршка, да стигнеме до победата што толку ја посакувавме. Што се однесува до самиот натпревар, можам да бидам задоволен од играта и од резултатот. Не се залажуваме, знам дека пред нас е многу работа, ќе го имаме и месец октомври, да се собереме и напорно да работиме бидејќи тоа е единствениот начин да продолжиме да напредуваме“, истакна Марковиќ.
Македонскиот кормилар не крие дека очекува уште пообри партии како што ќе одминува времето…
„Можам да кажам дека сум задоволен од борбеноста на екипата, задоволен сум и од енергијата на девојките на теренот. Што се однесува до самата одбрана се беше ок, знам дека имаме многу простор за напредок. Што се однесува до нападот, јасно ми е дека не може веднаш да се примени се што работиме во првите четири пет тренинзи заедно. Дури кога ќе мине некое време ќе знам дали ракометарките го прифатиле она што го барам на начин на кој што го сакам тоа или ќе треба нешто да менуваме“, изјави црногорскиот стручњак на клупата на македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
