Маркус Рохо го моли Манчестер Јунајтед да не го враќа на „Олд Трафорд“

Маркус Рохо го моли Манчестер Јунајтед да му ја продолжи позајмицата во Естудијантес. Аргнетинецот во јануари отиде во клубот од неговото детство и според планот треба да остане таму до крајот од оваа сезона.

Поради повредите, Рохо имаше само еден настап за Естудијантес пред прекинот на сеозната поради коронавирусот минатиот месец. Одбранбениот играч се надева дека Јунајтед ќе му дозволи да остане во клубот од родниот град најмалку до крајот од оваа година.

„Ако зависи од мене, ќе зборувам со менаџментот на Манчестер Јунајтед околу можноста да останам овде во следните шест месеци. Ќе чувствувам огромна болка ако треба да си заминам“ – изјави Рохо во интервју.

Маркус Рохо во Манчестер Јунајтед дојде во 2014 година од Спортинг. Одигра 76 натпревари, а постигна еден гол.

Се вчитува...