Мароко ја реши Шкотска во 71 секунда (ВИДЕО)

Со триумфот од 1-0 над Шкотска, фудбалерите на Мароко направија голем чекор кон пласман во 1/16 финалето на Светското првенство. Мароканците дојдоа рано до предност, а потоа истата ја задржаа до крајот на натпреварот.

Во 71. секунда Саибари по една одлична акција и додавање од Брахим Дијаз успеа да ја матира шкотската одбрана, и да донесе предност, а потоа и победа на својата селекција.

И во продолжението на мечот Мароканците беа подобри. Шкотланѓаните немаа некоја сериозна шанса, но во неколку ситуации бараа пенал и се жалеа дека се оштетени. Мароканците ја погодија и пречката, а Хакими имаше неколку обиди, но втор гол немаше.

Шкотска се разбуди на крајот од мечот кога имаше неколку шанси, меѓутоа сето тоа беше безопасно по голот на Мароко.

Се вчитува...