Марота: Дибала ќе добие доживотен договор со Јуве

Директорот на Јувентус, Џузепе Марота, најави дека „старата дама“ е подготвена да му понуди долгогодишен договор на Пауло Дибала. Аргентинецот игра извонредно сезонава, постигнувајќи 12 гола на првите десет средби во дресот на „црно-белите“, по што повторно стана актуелен на листата со желби на останатите европски гиганти.

Сите го сакаат, но Дибала нема цена. Ние не сме клуб што продава, туку сакаме да го задржиме најдоброто што го имаме. Пауло Дибала изјави дека сака да остане уште долго, а ние ќе направиме се што можеме за тој да потпише доживотен договор. Секогаш велам дека иднината на фудбалерите е во нивни раце, а во случајот на Пауло тој сака да остане што подолго во Јувентус. Секако дека ние сме пресреќни поради тоа“ – изјави Марота.

Дибала потпиша нов договор во април и истиот е со важност до 2022 година, но Јувентус е подготвен да му даде плата од 10 милиони евра по сезона за да го „врзе“ својот најдобар фудбалер до 2025 година.

Воедно, Марота најави и дека во најскоро време ќе потпише нов договор со левиот бек Алекс Сандро, за кого постои сериозен интерес од Челси.

Нема никакви проблеми со Алекс Сандро, очекувам тој во следниот период да потпише нов договор“ – истакна директорот на Јувентус.

Како што јавуваат италијанските медиуми, Сандро ќе потпише договор до 2022 година за плата од пет милиони евра по сезона, значително зголемување во однос на оние 2,8 милиони годишно што ги заработува во моментов.

Се вчитува...