Фудбалерите на Олимпик Марсеј го победија Стразбур на „Мејн“ со резултат 1:2 во дерби натпреварот од 6. коло на Лига 1.
Многу проблеми за Олимпик во текот на вечерва откако го победија ПСЖ во понеделник. Роберто де Зерби, кој отсуствуваше поради суспензија, одлучи Пјер-Емерик Обамејанг и Мејсон Гринвуд да започнат од клупата, што беше доста изненадување.
Домашните дојдоа до изненадувачко водство преку Емега во 49. минута. Олимпик Марсеј веднаш реагираше, ги уфрли во игра Обамејанг, Гринвуд и Павар, и тие влијаеа на пресвртот.
Вп 78. минута докму Обамејанг доби додавање од Хојбјерг, шутираше, во првиот обид неговиот удар беше одбранет, но топката одново ситгна до него, и ја затресе мрежата.
Стразбур изгледаше лошо во финишот, а гостите притиснаа и го натераа домаќинот повторно да капитулира. Муриљо успеа да ја затресе мрежата, и да го искачи Марсеј на врвот на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

