Марсело Бјелса се враќа во Премиерлигата?

Аргентинскиот стратег Марсело Бјелса би можел да се врати во Премиерлигата и да го превземе Евертон кој денеска му врачи отказ на Френк Лампард, пренесуваат англиските медиуми. „Тофиси“ стравуваат за местото во елитното натпреварување следната сезона, а во харизматичниот стратег гледаат спасител.

Бјелса на „Островот“ со успех го предводеше Лидс од 2018 до 2022 година, успеа да го внесе во Премиерлигата, а потоа и да го задржи во натпреварувањето, но замина од тимот по лошите резултати во февруари 2022 година, притоа останувајќи миленик на навивачите.

Шеесетиседумгодишникот во својата богата кариера предводеше неколку клубови од средна и јужна Америка, беше дел и од аргентинската репрезентација, а и дел од Еспањол, Атлетик Бибао, Марсеј, Лацио и Лил.

Се вчитува...