Марсело донесе одлука: Се враќа во татковината

Долгогодишниот играч на Реал Мадрид, бразилскиот интернационалец Марсело, на крајот од сезоната заминува од „Сантијаго Бернабеу“. Тој не е во комбинација во последните 2-3 години, па така веројатно идното лето ќе има нов клуб.

Според најавите од Шпанија, Марсело одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Тоа е земјата за која се решаваат сите Бразилци на негови години – татковината. Во бразилскиот шампионат во последно време играат многу ѕвезди кои во минатото биле дел од репрезентацијата на Бразил, па и од другите селекции. Така таму играат Хулк, потоа Диего Коста, па Габриел, Вилијан, Филипе Мело, Давид Луиз, Даглас Коста.

Според најавите, Марсело би требало да биде дел од Флуминенсе, и тоа да потпише уште во јануари. Таму би играл со легендарниот напаѓач Фред, кој на 38 години и натаму игра фудбал. Исто така во овој тим треба да дојде и Фелипе Мело, кој најавил заминување од Палмеирас.

Марсело токму од Флуминенсе во 2006 година дојде во Реал Мадрид, и влезе меѓу легендите на овој клуб.

Се вчитува...